Пензискиот систем е важен во нашата држава, јас бев единствен министер кој говореше за стабилност на фондот, тој да биде поефикасен и да исплаќа пензии, тоа го направивме со реформа од почетокот на годината. Успеавме да заштедиме 3 милијарди и 700 милиони денари, дупката ја намаливме од 19 милијарди на 15 милијарди денари . Со политиките на претходната власт, во 2006 децититот беше 8 отсто до 2017 стигна на 29 отсто дефицит, ние за 2 години успеавме да го симнеме на 21 отсто, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Таа тврди дека покачувањето на платите не поради изборите туку тоа биуло најавено уште во јуни оваа година кога не се говорело за никакви предвремени избори.
-Важно за пензискиот систем е да нема дефицит. Ова не е пред избори, беше најавено уште при првите параметри најавени во јуни 2019 година кога никој не дискутираше за избори. Пензиите треба да растат кога се зголемува приходот кај работоспособното население, ние платите ги зголемивме и вработивме повеќе луѓе. Јас не сум популист и не одам со адхок решенија туку само со системски решенија. Со реформата планиравме заштеда од 2 милијарди денари, добивме 3 милијарди. Пензионерите имаат аргументи да бараат покачување на пензиите, ние како влада слушаме и извршуваме, вели Царовска.
Во однос на вкупниот трансфер од буџетот кон пензискиот фонд Царовска истакна дека тој изнесува 30 милјарди денари од кои, оваа бројка лани изнесувала 28 милијарди. Имаме посебна мерка и покритие за зголемувањето. Царовска смета дека треба да има покачување на трансферот од буџетот но не во радикални мерка како што правела претходната влада.
-Од 15 милијарди вкупен трансфер од буџет во 2011, во 2013 има 21 милијарда. Ова е радикален раст, буџетскиот трансфер не смее толку радикално да расте, вели Царовска.