Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АХВ: До крајот на годинава трае можноста за бесплатно чипирање на милениците

Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат животните.

„За оваа намена, АХВ обезбеди 100 илјади микрочипови како дел од активностите за спроведување на тригодишната стратегија за благосостојба на животните. Во информацискиот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, заклучно со 5 ноември годинава, евидентирани се 69.624 домашни миленици, најмногу кучиња“, се наведува во соопштението.

По продолжувањето на рокот за бесплатно микрочипирање на милениците од април годинава, ветеринарните друштва наплатуваат само за аплицирањето на микрочипот и тоа чини 200 денари, информираат од АХВ.

Можеби ќе ве интересира

Берлински процес во Лондон: Средба на МЕП Муртезани со британскиот министер за Европа, Доти

ДЕСК

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа

ДЕСК

Средба Гаши – Солстром

ДЕСК