23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петров: Прашајте го Груевски каде се парите

Има закон за минимална плата, од кој сите имаат бенефит, но гледаме како во Собранието се блокира, воздухот е тема која добива политички наратив, имаме во Скопје палење на контејнери, рече потпретседателот на СДСМ, Коста Петров во емисијата 200 на Алсат.

„Ние треба сите да бидеме премиер за другите ако имаме политичка функција. Треба да застанеме заеднички зад теми како ЕУ, НАТО, минимална плата, бидејќи не се работи за партија, туку за иднината на граѓаните“, рече Петров

Владимир Неловски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ гарантирале дека преку Мој ДДВ ќе се вратат 40 милиони евра, а нема да се вратат ниту 15 милиони евра.

„Како ВМРО-ДПМНЕ изгласавме низа закони важни за евроинтеграциите на државата. Треба да се има на ум дека Зоран Заев ќе треба да се откаже од некои ликови од правосудството кои нему му се важни. Ние мора да имаме низа на недоверба кон премиер кој доаѓа од СДСМ“, рече Неловски.

Коста Петров пак, му кажа дека прогресивниот данок се пролонгира на 36 месеци, а не се укинал целосно и го потсети Неловски дека ВМРО-ДПМНЕ блокира носење на закон за минимална плата.

„Прогресивниот данок не се укинува, туку се пролонгира, бидејќи така покажаа анализите, не зошто ми се допаѓа мене или на Нина. Не може да се збори дека ВМРО-ДПМНЕ се труди нешто добро да однесе кога основни работи не сакаат да прифатат. „Мој ДДВ“ враќа пари кај граѓаните. Кога веќе прашувате каде се парите од Мој ДДВ, прашајте го Груевски кај се парите“, рече Петров.