Иако Centar.mk се стреми кон совршенство и точност, луѓе сме од крв и месо, па можеме да направиме грешки од време на време.
Како одговорен медиум со огромна публика, Centar.mk е тука да преземе одговорност за корекција на споменатата грешка и ќе одржува високо ниво на транспарентност за да се осигура дека сите се чувствуваат уверени дека неточните информации ќе бидат осуетени и нема да се шират, впрочем Centar.mk е борец против феноменот на лажните вести.
За да се постигне нивото на точност, совршенство и јасност, ова се чекорите што треба да се следат:
За нашите читатели:
Кога читателот забележува грешка, тој / таа треба директно да го контактира Centar.mk или одговорно лице во рамките на нашиот Уреднички тим, во случајов уредникот Јован Соколевски (контакт e-mail: jovan@centаr.mk)
Со пораката испратена по е-пошта, податоците од истрагата за евентуално неточната информација за корекција треба да ја содржи предложената корекција, врската на статијата или објавата каде е забележана грешка и името и информациите за контакт на читателот. Исто така, ќе бараме извор за вашата корекција.
Читателот може да очекува одговор од уредничкиот тим и може да биде контактиран дополнително доколку е потребно појаснување или ако уредникот има потреба од повеќе информации. Забележете дека поднесокот за корекција е гаранција дека грешката ќе биде испитана, но не и гаранција дека ќе се направи промена, имајќи во предвид дека Centar.mk е независна новинска агенција.
Улога на уредничкиот тим на Centar.mk:
Откако нашиот тим ќе биде информиран за грешката, ние ќе извршиме испитување во користењето на информациите доставени од читателот.
Ако се најде грешка, ќе се погрижиме да ја исправиме што е можно поскоро.
Канали за социјални медиуми:
Доколку споменатата содржина е објавена на Фејсбук, Твитер или кој било друг Интернет канал под наша контрола, објавата во која е наведената грешка ќе биде избришана веднаш и ќе се замени со корегираната верзија.