24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Покана за доставување понуди за изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производи

За потребите на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“, кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на Република Северна Македонија – Република Албанија за 2014 и 2015“, а врз основа на договорот за грант, Центарот за управување со промени – ЦУП објавува:

Покана за доставување понуди 03/2019 за набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата.

Центарот за управување со промени – ЦУП во рамките на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“ има потреба од набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб-апликацијата, фотографирање и собирање податоци за производи и содржини, како и промоција на онлајн-продавницата во пошироката јавност.

На повикот може да се пријават компании или здруженија на граѓани, но не и физички лица. Проценетата вредност на набавката изнесува 24.000,00 евра во денарска противвредност. Таа вклучува (1) изработка на веб-апликација, администрирање и тековно одржување на онлајн-продавницата, (2) теренски дел на собирање податоци и сликање на производите и полнење со содржини, како и (3) промоција на онлајн-продавницата во пошироката јавност. Услугата предвидена со набавката е неделива.

Краен рок на доставување на понудите е до 1.11.2019 година до 16 часот.

Подетален опис на услугите, условите за аплицирање, како и потребната документација, може да ги побарате на следниот линк: www.cup.org.mk во делот на објавени повици.