24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Брачна двојка од странство ги отплатила сите долгови на пациентите во аптека во родниот град

Брачна двојка од Нови Травник, Босна и Херцеговина, со адреса на живеење во странство, која сакала да остане анонимна, ги отплатила сите долгови во аптека во Нови Травник.

По тој повод, порталот Радио Сараево разговарал со вработената во аптеката, Даниела Јукиќ која изјавила дека овој прекрасен гест не треба да остане анонимен.

„Тоа е брачна двојка која ја посетуваше својата мајка во родниот град Нови Травник. Тие влегоа во нашата аптека со цел да ги отплатат сите долгови на нашите пациенти. Целиот долг во форма на комерцијален асортиман е отплатен. Не сакавме во тоа да влегува асенцијалниот асортиман, бидејќи пациентите сигурно ќе добијат бесплатни рецепти од Здравствениот дом“, рече Јукиќ за порталот Радиосараево.ба.