СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра.Откако е СДСМ на власт не поминува масец без две три задолжувања, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра.
,,И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации власта не гради ништо.Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните.Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине“, се додава во соопштението.