На 10.10.2019 во 22,55 часот во СВР Тетово било пријавено дека во фирма за градежни материјали во Гостивар, Т.Т.(22) од Гостивар додека извршувал работа на машина, се здобил со тешка телесна повреда во пределот на десната рака и истиот бил пренесен во комплексот клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.