2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Момче од Куманово пазарело со фалсификувани пари

Деветнаесетгодишно момче од Куманово купувало во продавници и плаќало во ресторани со фалсификувани пари.

Според информациите на МВР, М.И. (19) на 3 октомври платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1.000 денари.

Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„143“ во Куманово, при што пронашле 11 фалсификувани банкноти и тоа 10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1.000 денари.

М.И. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Илинден е симбол на жртвата која генерации пред нас ја дале за слободна Македонија – ова е ден кој нé обединува

ДЕСК

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

ДЕСК

Гаши: Овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество

C +