23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Шведска со стапка на невработеност речиси највисока во ЕУ

Стапката на невработеност во Шведска се зголемува и сега е една од највисоките во Европската Унија и покрај тоа што премиерот Штефан Лафвен вети дека ќе ја намали. Новите бројки на Евростат откриваат дека земјата сега е на 24. место од 28 земји-членки на ЕУ на според стапката на невработеност, пренесува „Експресен“.

Лофвен во 2013 година зацрта цел Шведска да има најниска стапка на невработеност во ЕУ до 2020 година, невработеноста во земјата сега е близу нивоата на Франција, Италија, Шпанија и на Грција, која со години бележи системска невработеност.

„Експресен“ забележува дека мигрантската криза во 2015 година одиграла значајна улога во порастот на невработеноста. Статистиката покажува дека стапката на невработеност кај мигрантите во просек е многу поголема отколку меѓу Швеѓаните. Податоците објавени во 2018 година покажуваат дека додека домашната шведска стапка на невработеност е на ниско ниво од 3,6 отсто, кај мигрантите е 19,9 отсто.

Студијата откри дека во споредба со другите нордиски земји, Шведска има најголеми потешкотии да привлече нови мигранти како работна сила. Интеграцијата на мигрантите на шведскиот пазар на труд се одвива бавно, а трошокот за вдомување голем број невработени мигранти, ги става многу локални општини во опасност од финансиска криза. Некои дури и отворено зборуваат за потенцијален банкрот.

Општината Бенгсфорс во петокот ја повика шведската влада велејќи им дека им требаат пари за да ги покријат трошоците за преземање толку многу мигранти и баратели на азил.

„Трошоците во општините кои примиле нови мигранти се значителни дури и откако престанаа приходите од владата. Ова создава голема негативна дупка во општинската каса“, вели Стиг Бертилсон од партијата на модератите во Бенгсфорс.

Општината Филипштад излезе во јавноста неколку недели подоцна, изјавувајќи дека имаат слични проблеми во покривањето на трошоците на мигрантите. Филипштад, исто така, истакна дека многу жители ја напуштиле областа, дополнително спуштајќи ја даночната основа.