8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е научена да зема од граѓаните и затоа е против поврат на ДДВ од 3 милиони евра

ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш покажа дека нејзина единствена цел е да штити криминал, да ги зема парите од граѓаните за да завршуваат во џебовите на неколкумина од врвот на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на подобри услови за живот и повисок стандард, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, велат од СДСМ, политиките и мерките на СДСМ за зголемување на животниот стандард даваат реални и видливи резултати.

-Како дел од сетот мерки преку кои парите се враќаат кај граѓаните, проектот МојДДВ, ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува сивата економија. Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра. Граѓаните ја чувствуваат разликата. Додека ВМРО-ДПМНЕ со години земаше од граѓаните, СДСМ како одговорна партија креира политика и спроведува мерки за подобрување на животниот стандард на секое семејство, се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

СООПШТЕНИЕ Министерот Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15% за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред учебната година

ДЕСК

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на Вештачка Интелигенција на македонски јазик

ДЕСК

Министерот Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари

ДЕСК