-Драги студенти од универзитетите и факултетите во нашата земјa, ви го честитам стартот на новата академска година.
Ви посакувам креативен, одговорен пристап кон образованието и инспиративни предавања и вежби со професорите. На професорите и на сите останати во академскиот образовен процес, им посакувам студенти што инспирираат, отворени за нови знаења и подготвени да учат.
Образованието помага да го најдеме сопственото најдобро место во професионалната определба и во општеството. Образованието гради знаења и вештини, и руши бариери, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.