На 30.09.2019 во 21.39 часот во СВР Скопје, од поликлиника „Ѓорче Петров“ било пријавено дека кај нив била донесена почината И.Л.(40) од с.Радуша, скопско, на која, според пријавеното, и се слошило додека била дома и на пат кон покликлиниката починала.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.