Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски се сретнал со народниот правобранител

Претседателот Стево Пендаровски го примиl народниот правобранител, Иџет Мемети, информираат медиумите во Македонија. На средбата се разговарало за тековните активности на народниот правобранител во функција на заштита на правата на граѓаните.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на работата на народниот правобранител преку давањето предлози, совети, сугестии во насока на промоција на човековите права, следење на состојбите со нивното почитување и укажување на потребата од нивна заштита.

На средбата беше посочена потребата за преземање чекори во насока на натамошно зголемување на независноста во функционирањето на народниот правобранител со цел оваа институција да може во полн обем да ги извршува своите надлежности во интерес на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК