7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бесплатни ИТ обуки за 1 253 млади – АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА

Изминатите неколку години оваа мерка од оперативниот план дала одлични резултати и 50 % од обучените невработени лица во моментот се вработени. Од вкупно 202 лица коишто биле обучени во 2016 година во моментот работат 112, а од поминатата обука на 100 лица лани, сега во работен однос се 50.

Јавниот повик за учество во Програмата Обуки за развој на дигиталните вештини е објавен од пред два дена и трае до исполнување на опфатот.

Со обуките се нудат нови мрежни технологии и администрање на компјутерски системи, основите за дизајнирање и имплементација на ИТ инфраструктура на најкористената AWS Cloud платформа, практиките на објектно-ориентираното програмирање кое подоцна ќе биде основа за пишување на скриптите во процесот на автоматско тестирање, креирање стратегија на производ базирана на корисничко искуство, да дефинираат функционалности и интеракција во кориснички интерфејс, да изработат прототип на веб проект и да ја тестираат идејата.

Јавниот оглас до евидентирани невработени лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката може да го најдете на следниов ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира

„Гардијан“: ЕУ е гигант што се однесува како глушец пред САД

C +

Трамп драстично ги зголеми тарифите за Индија поради руската нафта

C +

Третина од контролираните субјекти биле со неправилности – УЈП напиша 66 глоби, затвори неколку објекти кои го повториле делото

ДЕСК