7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

До среда сончево и топло, од четврток дожд и посвежо време

Времето утре ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Минималната температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната температура од 28 до 36 степени. Поради високите температури утре по должина на Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Температура 12 / 34 степени.

В среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови сè уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури. В четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и в петок.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК