17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Четириесет и шестгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица Московска во Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата се случила во 18.50 часот помеѓу автомобил „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(49) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(46) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК