Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајден и уапсен тетовски дилер на дрога кому му била изречена затворска казна

Тетовската полиција во попладневните часови на 2 септември спроведе акција на улицата „102“ во овој град при што бил уапсен 29-годишен дилер на дрога веќе осуден на затворска казна.

Како што информираат од МВР, 29-годишникот бил осуден на затвор од 2 години за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и овозможување на употреба на наркотични дроги.

Тетовецот бил спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.

Можеби ќе ве интересира

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп

ДЕСК

Ова се новите луѓе на СДСМ – Објавена е листата на новите функционери

ДЕСК

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ДЕСК