Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека навистина е за правдата со тоа што ќе даде придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство.
„Да докажат со дела, а не само со зборови. Да дадат придонес сите кои ги прекршиле законите да одговараат, безразлика за кого се работи. Покажавме дека никој не е недопирлив. Системот функционира и ќе има правда. Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе потврдат дека се единствена цел им е да ги заштитат тајкуните и криминалците на режимот“, рече Манчевски.
Тој пред новинарите истакна дека СДСМ продолжува да спроведува мерки и политики што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО.