Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во пожарот во Струмица настрада возило на судот и предмети од судски процеси

Основното јавно обвинителство Струмица ги испитува причините за пожарот во гаражата на Судот. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица извршил увид во гаража на Основниот суд во Струмица каде попладнево избувна пожар.

Според првичните сознанија, опожарено е едно службено возило на судот, како и предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години.

,,Во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот”, соопшти обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК

Филков:Во континуитет ги усогласуваме законите со европските стандарди и препораките на Венецијанската комисија

ДЕСК

Јаневска: новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

ДЕСК