21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Бранови и мисли“ – изложба на слики од Наташа Попоска Карче

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе биде отворена самотојна изложба на слики под наслов „Бранови и мисли“ од Наташа Попоска Карче.

Изложбата ќе биде отворена во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот.

Наташа Попоска Карче е родена 1972 година во Охрид. Стоматолог по професија, од 2013 година, почнува да го моделира и создава својот ликовен и интимен сензибилитет создаваќи реални но и имагинарни пејзажи кои го отсликуваат нејзиниот динамичен и исполнет живот.

Длабоко во нив, помеѓу четката и платното можеме да следиме сенки, да го допреме дното, да ја чуеме тајната на езерото…
Во август 2016 година, ја одржува самостојната изложба во Охрид на Терасата во Аквариус, а во јули 2017 година, учествува на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца .

Можеби ќе ве интересира

Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на „Преку езерото“: Сознанието дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

ДЕСК

„Со книга на плажа“ – голем интерес и кај младите: Македонија и натаму има вистински читатели

ДЕСК

„Убавината на скршените нешта“: книга која ги расплакува читателите… но воедно и им ја враќа вербата.

ДЕСК
МАКЕДОНИЈА

Тројца стружани демолирале кафуле во тепачка

ДЕСК

Три лица демолирале кафуле во Струга во тепачка. Според информаците на МВР, вчера во 08 часот било пријавено дека на улицата „15-ти Корпус“, во кафе бар три лица, сите од Струга, започнале расправија, а потоа почнале да го кршат инвентарот во кафе барот.

Лицата биле приведени во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри

ДЕСК

Кривична пријава за двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата

ДЕСК

Објавен конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

ДЕСК