Триесет и петгодишен маж од Берово се преврте со автомобилот, возејќи по земјен пат што води од место викано „Туртела“ кон место викано „Лаките“ атар на Берово.
МВР соопшти дека во незгодата возачот се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.