14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

По предлогот на Мицкоски, се огласи судијата Панчевски

Коментирајќи го предлог законот од Владата, СЈО да се интегрира во постоечкото Јавно обвинителство, однодно во одделението за организиран крiминал, чиј шеф е Вилма Рускоска, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера излезе со свој предлог.

Тој во интервју за Сител рече дека доколку власта ја предлага Вилма Рускоска за иден шеф на СЈО, тој би го предложил разрешениот судија Владимир Панчевски.

На ова, во статус на социјалните мрежи, Панчевски изрази една дилема, дали е предлогот на Мицкоски реален, или го зел за лош пример:

“МЕ ПРЕДЛАГААТ ИЛИ СУМ ЛОШ ПРИМЕР?

Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите! Equal justice for all!”пишува на Фејсбук.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=505377430233036&id=100022823505483

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.