Вечерва, на фестивалот „Самерленд“, кој секојдневно се одржува во Градскиот парк, од 19 часот ќе настапи „Златно славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор.
Во 21 часот, во летното кино, посетителите ќе може да го гледаат македонскиот филм „Џган“.
Утре, од 22 часот, на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а в недела македонските рапери 2 Бона и ДЈ Че.
Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етногрупата „Љубојна“.