На денешната седница Владата на РСМ донесе одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП.
Инаку, Исени на социјалните мрежи пред извесно време сподели скандалозна снимка, на која се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот, иако според закон забрането е носење на огнено оружје на јавно место.