На 04.07.2019 година во периодот од 08.30 часот до 10.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кои ги користел 38 годишник од с.Заграчани, струшко.
При претресот биле пронајдени две вреќи со марихуана, 18 патрони за ловна пушка, две стебла од растението Cannabis Sativa и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.