2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјани ограбиле мигранти од Пакистан

Група од пет лица од Скопје нападнале и ограбиле двајца мигранти од Пакистан. Според информациите на МВР, разбојништвото се случило на 28 јуни во село Трубарево.

И.В.(27), К.М.(24), А.Ј.(31), Н.М.(33) и И.М.(22), сите од Скопје, ги нападнале Ј.У.Д.(23) и M.Ј.(25), двајцата од Пакистан, при што им одзеле околу 920 евра, мобилен телефон, два ранци и лични документи. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 75.000 денари.

Против нив е поднесена кривична пријава за разбојништво.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +