22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Бизарни факти кои не сте ги знаеле за Северна Кореја: Поради фармерки се оди во затвор, а марихуаната е легална

Северна Кореја, еден од последните тоталитарни режими во светот, често е во центарот на многу гласини и нагаѓања за тоа што во таа земја навистина се случува, бидејќи информации има многу малку.

Некои од тврдењата кои повремено се појавуваат често се неверојатни, а и тешко е да се потврдат. Индепендент донесува избор од 11 бизарни работи кои досега протекле.

1. Северна Кореја ја има најголемата војска на светот (вклучувајќи ги активните војници, резервистите и паравоените трупи) со 7,7 милиони војници. За споредба, се проценува дека САД има 1,5 милиони војници.

2. Марихуаната во Северна Кореја е легална и може да се купи на пазарот.

3. Во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, се наоѓа најголемиот стадион на светот, кој може да прими 150.000 гледачи.

4. Северна Кореја го темели својот календар на датумот на раѓањето на Ким Ил Сунг, 15 април 1912 година. Поради тоа кај нив сега е 103, а не 2015 година.

5. Во текот на 1990-тите години севернокорејските наставници морале да учат да свират на хармоника.

6. Поради недостаток на ѓубриво, Северна Кореја била принудена на полињата да користи човечки измет.

7. Според официјалната биографија, Ким Јонг Ил проодил на три недели.

8. Северна Кореја има три телевизиски канали, од кои два емитуваат само за викенд, додека третиот може да се гледа само во вечерните часови.

9. Избори се оддржуваат на секои пет години, но на нив е понудена само една опција за која може да се гласа.

10. Сините фармерки се нелегални, бидејќи ја претставуваат капиталистичка Америка.

11. На Севернокорејките им е дозволено да изберат една од 28-те препорачани фризури, а на мажите им се дозволени само 10 фризури.