23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дали знаете зошто и кога се ежиме?

Сте ја чуле ли онаа: кога ќе се наежите, ве заобиколила смртта? Всушност, не се ежиме поради тоа… Но, веројатно тоа веќе сте го знаеле. А зошто тогаш се ежиме? Бидејќи ни е ладно, бидејќи сме преплашени или нешто не растажило.

Пилоерекција е службениот назив оваа појава. А до таа појава се доаѓа при контракција на минијатурните мускули кои се наоѓаат на корените на секое влакно на телото. Научниците велат дека ова ни е останато од одамна изумрените предци.

Имено, кога се уште сме имале крзно, оваа појава и тоа како имала смисла и корист. Кога ни е ладно, влакната кои се ежат би можеле да заробат слој топол воздух кој се наоѓа покрај телото и со тоа да не грејат. Меѓутоа, студеното време не е единствен случај кога се ежиме.

Ако сме преплашени или лути, може да дојде до истата пијава. Зошто? Сте виделе ли некогаш мачка или куче кои се наежени? Поради кренатите влакна изгледаат поголеми од што се и полесно можат да го преплашат дтугото животно.