23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Што ќе ви се случи доколку голтнете мастика?

На сите ни се случило несакајќи да проголтаме гума за џвакање, а митовите кои се шират за тоа што се случува потоа, како на пример – „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано не загрижуваат.

Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што се точно се случува кога ќе голтнеме мастика и дали постои причина за загриженост.

– Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и се останато. Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, оти тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и напомнува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно, поради нејзините својства.

Сепак, Ганџху препорачува тоа да не ни се случува често, бидејќи сепак, мастиката може да се заглави во хранопроводот и да настанат сериозни проблеми.