Во текот на изминатиот ден(27.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи затоа што 21 управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради некористење заштитен шлем(кацига) при управување мотоцикл, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 75 мандатни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.