Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Демократската партија на Турците на Македонија, Бејџан Илјас

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Демократската партија на Турците на Македонија, Бејџан Илјас.

На средбата беше констатирано дека во овој важен период за Република Северна Македонија, потребно е целата политичка енергија да се насочи кон исполнувањето на реформските приоритети од интерес на сите граѓани, а со цел напредок на европскиот и на евроатлантскиот пат.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски порача дека припадниците на турската етничка заедница во Република Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество.

Претседателот на Демократската партија на Турците на Македонија, Илјас, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во неговата работа.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.