Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Граѓаните се победници во првиот круг со слабиот одѕив на изборите

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија се победници во првиот круг на претседателските избори со слабиот одѕив на изборите, соопшти Единствена Македонија.

Според партијата, и покрај големиот поткуп, ветувања за вработувања и организираното носење по списоци на гласањето од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, народот покажа дека не се плаши од заканите и притисоците и дека државниот интерес го става над личниот интерес.

„Народот покажа дека сака македонски кандидати за одбрана на националните и државните интереси, а не кандидати на странците за уништување на Македонија и Македонците и затоа во првиот круг имаше слаб одѕив и бојкот на изборите“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК