27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес ја стресе Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес (18.4.2019 година) во 13 часот и 3 минути регистрирше слаб земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 140 km југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2,1, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.