5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Река: Дојде време за претседател Албанец затоа што нопходно е да постои реална еднаквост

Кандидатот за претседател Блерим Река ја продолжи неговата кампања во Брвеница каде што беше во придружба на лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, како и на лидерот на движење Беса, Билал Касами.

Како што информираат од неговиот штаб, Река посочил дека има концепт за универзална република за сите граѓани, за владеење на законот и правда за сите.

„Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да функционира како моноетничка земја“, истакнал Река и додал дека на 21 април граѓаните гласат за промена, против корупцијата и против неправдата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +

Утре, сончево време, со локална појава на дожд и грмежи

C +