23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски во Брвеница: Спремен сум да бидам претседател кој ќе води кон развој и интеграција

Успешните политики на домашен и меѓународен план резултираа со процес на ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО – најсилниот безбедносен сојуз на светот и затоа мора да продолжиме напред, порача попладнево кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред жителите на општина Брвеница.

„Oваа држава е модел како треба да се живее заедно. Вие се почитувате како луѓе, вашата верска, национална или партиска припадност е ваше човечко право. И токму такви, различни а обединети тргнавме по патот што води до НАТО и ЕУ. Се обединивме околу иднината што носи развој и напредок. Како претседател ќе ја имам честа да бидам врховен командант на армија која е дел од најмоќниот безбедносен сојуз во светот – НАТО-алијансата“, нагласи Пендаровски.

Пред присутните тој истакна дека членството во НАТО е децениски национален и државен интерес кој носи придобивки за државата и нејзините граѓани.

„Со влезот во НАТО трајно ги обезбедуваме нашите граници, но и создаваме можности за повеќе инвестиции, повеќе работни места и повеќе пари кај граѓаните. Со членството во НАТО ја ставаме државата на листата на безбедни и стабилни држави, а тоа значи и влез на повеќе странски инвестиции и отворање нови подобро платени работни места. И затоа, не смееме сега да застанеме. Затоа, на 21 април велиме заедно напред за подобар живот за сите, економијата да оди напред, армијата да стане уште повеќе почитувана, да се отвораат нови работни места. Спремен сум да бидам претседател за сите и да водам кон развој и интеграција“, кажа претседателскиот кандидат во Брвеница.