23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Ќе нема кој да нè лекува, во последните три месеци 83 лекари побарале дозвола да заминат од земјава

Дневно по еден лекар има намера да си замине од државава и поради тоа јавно апелирам до Владата она што го вети, 100.000 денари, веднаш уште утре да го реализира, зошто ако продолжи заминувањето на лекарите со ова темпо , ние ќе треба сами да се лекуваме, рече претседателската кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова.

Таа се повика на податоците од Левица, според кои, во последните три месеци 83 лекари побарале дозвола да ја напуштат Македонија.

„Би сакала да ги чујам нив што мислат, кои се излезните решенија, дали некој ги прашува, дали имаат самите некој идеја како би можело да се надмине ова ситуација. Но, сепак, мислам дека кога на избори ќе предочите едно ветување мора да се држите до него, ако е тоа најургентно ќе почнете прво со него, а не прво со советниците на владата, туку прво со лекарите зошто нашето здравје е загрозено секако“, смета Сиљановска.