6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски го крена Демир Хисар на нозе – Салата претесна да ги прими заинтересираните

Во преполната сала во Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар денес покажа и докажа дека сме обединети и цврсто решени да одиме напред, порачаа од СДСМ Демир Хисар.

– Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се обединиме во заедничките цели – брз напредок и сигурна иднина за нашата држава. Застанување веќе нема, изборот е јасен – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД! „На 21 април и на 5 мај не може да останеме дома. Да се обединиме и заедно да одиме напред, бидејќи ЕУ и НАТО носат силни економски придобивки за нашата држава и сите граѓани. Патот е трасиран, стопирање нема“, – нагласи Пендаровски. Датумот за преговори со ЕУ е повеќе од извесен. Со почеток на преговорите добиваме 900 милиони евра годишно од ЕУ за развој, повеќе можности и нови работни места. Само ако продолжиме напред можеме отворените перспективи за младите да ги зграпчиме со две раце. #ЗаедноНапред Да обезбедиме просперитетна иднина за нашите деца и внуци.


Конечно имаме луѓе кои знаат како треба да се води државата и кои се грижат за народот. Да мислиме на иднината на нашите деца, да го направиме вистинскиот избор. Младите сакаат просперитетна и прогресивна држава. Рамо до рамо со своите генерации од најразвиените европски земји и членки на НАТО. , се вели во соопштението ма СДСМ Демир Хисар.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК