12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Дебар денеска без струја

АД ЕЛЕМ извести дека заради сервисирањeто на трансформаторот преку кој Дебар се снабдува со електрична енергија, денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на Дебар од 10 до 18 часот.

„Станува збор за редовно сервисирање на регулациона склопка од регулациониот 110/35 киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната Шпилје, која постапка почна минатата недела и за која е потребно подолго време поради настанат дефект на дел од опремата. Сервисирањето го врши овластениот сервисер ‘Кончар ИНГ’ од Хрватска, кои во најкус рок обезбедија резервен дел и истиот ќе го заменат во трансформаторот во текот на утрешниот ден“, велат од ЕЛЕМ.

Нагласуваат дека сервисирањето е од најголемо можно значење, со оглед на тоа што без регулациона склопка постои ризик од избивање на мрежата, настанување на целосно оштетување на електичните апарати на корисниците, долготрајно останување без електрична енергија на Дебар и сериозни можни последици за целиот електроенергетски систем на земјата со загрозување на неговата стабилност.

Од тие причини, додава ЕЛЕМ, зафатот во текот на денешниот ден, е неопходен и граѓаните се замолуваат на трпеливост и соработка со институциите заради своја лична сигурност и сигурност на нивниот имот.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан

ДЕСК

Валбон Лимани додели признанија на учениците од Летното училиште 2025

ДЕСК

Минатата недела санкционирани се 100 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ДЕСК