На 03.04.2019 година во 22.00 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на лицето Б.Ф.(47) од Република Албанија биле отстранети делови од страници и на истите места биле додавани-прелепувани делови од страници од друга патна исправа.
Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.