Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Химната е призната од целиот свет, залудни се конструкциите на Мицкоски

Залудни се обидите на Мицкоски преку измислени и непостојни случаи да ја врати државата во темното минато на изолација, уназадување и неизвесност, реагира СДСМ.

„Како што јавно соопшти Владата, поради доцнењето на слетувањето на авионот, а со цел да се исполнат сите активности од агендата, биле изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително и гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично. Македонската химна ниту била ниту е оспорена или предмет на преговори. Таа досега била интонирана во повеќе пригоди во присуство на официјални претставници од грчка страна и натаму ќе биде интонирана во согласност со протоколите. Македонската химна е признаена од целиот свет“, наведе СДСМ во реакцијата.

Од владејачката партија велат дека Мицкоски продолжува со лицемерството и лажниот патриотизам.

„Вчерашната прва посета на еден грчки премиер на Скопје во 28 години е доказ дека пријателствата носат економски придобивки, успешност на политиките на Владата предводена од СДСМ во намерата државата да стане дел од демократскиот развиен свет. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат државата назад, наместо измислици, нека се подготват за пораз на претстојните избори“, додава СДСМ во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Гори на три локации низ Македонија

ДЕСК

Колку далеку нѐ носи говорот на омраза – и дали нѐ враќа назад?

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Вложуваме во почиста и поздрава животна средина, 10,7 милиони евра за нова опрема за управување со отпад за 18 општини

ДЕСК