23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фали со исплатени субвенции, а земјоделството бележи пад

СДСМ се фали со исплатени субвенции, а земјоделството бележи пад, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека земјоделските политики на Владата се разочарувачки во Ресен со неможноста за пласирање над 50 илјади тони јаболка што сè уште стојат неоткупени во Ресенскиот Регион. Негрижата за земјоделците е очигледна од страна на Владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат дека пред само два дена протестирале сточарите во Велешко за ниските откупни цени за јагнето, што е грабеж за сточарите.

„На неколку дена пред почетокот на интензивната берба на пролетната зелка земјоделците се молат да не им се случи ланскиот откуп по мизерно ниски цени. Уште еден доказ за катастрофалните политики на владата и Николоски врз земјоделците е последниот извештај на Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, додадената бруто-вредност во земјоделството во 2017 година бележи номинален пад од 12,8 отсто.

Растителното производство во 2017 година, кое учествува со 65,0 отсто во вкупното производство, бележи опаѓање од 13,6 отсто. Вредноста на добиточното производство, кое учествува со 24,2 отсто во вкупното производство, опадна 2,8 отсто.

Меѓуфазната потрошувачка во 2017 година бележи опаѓање од 4,8 отсто. Номиналниот доход во земјоделството од производните фактори од работна единица бележи опаѓање од 5,7 отсто, а реалниот доход од производните фактори бележи опаѓање од 5,0 отсто.

Очигледно очајни се политиките на СДСМ врз земјоделецот, министерот Николовски, наместо да се фали со исплата на субвенции што за една влада треба да се одвиваат непречено, треба да си поднесе одговорност за мизеријата во која го втурна македонскиот земјоделец“, додава ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.