Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожар во хотел во Кочани – вработен со изгореници однесен на Клиника

Вработен во хотел во Кочани се здобил со изгореници откако во објектот избувнал пожар, информираат од полицијата. Имено, вчера во 18:45 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улица „Браќа Ставреви“ во Кочани, во објект во сопственост на хотел, настанал пожар во кој со изгореници се здобил вработениот А.Т.(59) од Кочани.

Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

ДЕСК

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.