23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Кармина Бурана“ на сцената на МОБ

Македонската опера и балет најавува моќна изведба на најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.

Оттаму додаваат дека на 2 април со почеток во 20 часот публиката ќе може да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

„Кармина Бурана“ со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.

Солисти на операта се: Катерина Стојановска – сопран, Дејан Стоев – контратенор, Горан Начевски – баритон

Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне (Италија), Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Бисера Чадловска.

Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.