23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се срами од сопствената држава и народ

Зоран Заев се срами од Република Македонија. Исплашен и во нервоза цело интервју не смееше да го изговори името Македонија, па стотина пати го повтори новото име кое го донесе против волјата на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Стравот на Заев беше очигледен и кога не смееше да зборува за Македонците во Грција, ниту за нивното постоење, ниту за тоа на кој јазик зборуваат.
Зоран Заев покажа вчера зошто не смее да биде премиер на Република Македонија, затоа што се срами од сопствената држава и народ.

Власта повеќе од две години ја урнисува економијата и ги осиромашува граѓаните. Нема пари за граѓаните, но затоа бизнисите на Заеви цветаат.
Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија, а возниот парк на Заеви е исполнет со возила од марките Бентли и Мерцедес Мајбах.

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради неспособноста на власта, а Заев ставил розеви очила и ги лаже граѓаните дека црното е бело.

Зоран Заев мора да си замине. Република Македонија не може понатаму со Зоран Заев“, порача опозициската партија.