Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 40-годишник, 43-годишник и 58-годишник, сите од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „учество во тепачка”.
На 22.09.2026, по претходна расправија, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што 40-годишникот се здобил со тешка телесна повреда од остар предмет.


