Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: На лицемерието на СДС нема крај, СДС повторно се обидува да собира поени врз грбот на земјоделците, а Филипче не се ни појави во Собранието да гласа

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Додека СДС глуми загриженост за земјоделците, Венко Филипче не се ни појави во салата за гласање во Собранието за да гласа за Предлог-законот на СДС за финансиска поддршка на земјоделците. Дали Филипче е против земјоделците, па не се ни појави во Собрание?

СДС, Венко Филипче и Заев потрошија милионски буџети на државата, но тогаш ги заборавија земјоделците. СДС имаше години да ги решава проблемите во земјоделството, но наместо тоа Заев, Филипче и останатите се занимаваа со делење тендери, проценти, провизии и инвестиции во Дубаи како и луксузирање по јахти на Егејот.

Земјоделците не смеат да бидат заложници на политичките калкулации на СДС, на лагите и лицемерието на Венко Филипче.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за земјоделците, продолжува да креира одговорни политики, сигурен пласман на производството и услови земјоделците да можат достоинствено да живеат од својот труд.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на унапредување на земјоделството и на создавање услови за поголемо производство, сигурност и развој на руралните средини.

На македонското земјоделство му се потребни решенија, а не манипулации и лаги од СДС.