Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

„ФОРД“ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ ВО КИЧЕВО: 71-годишна жена тешко повредена

На 13.10.2026 во 13:20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул. „Влашки пат“ во Кичево, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 44-годишник од с. Шутово, кичевско, удрило во бетонски столб од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 71-годишната сопатничка од с. Шутово, додека 75-годишниот сопатник од с. Шутово се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.