Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НЕСРЕЌА ВО МИСЛЕШЕВО: 71-годишник прегазен од сопствениот трактор

На 13.10.2026 во 11:29 часот во ОВР Струга е пријавено дека И.М.(71) од струшкото село Мислешево бил прегазен од неговиот трактор „имт 539“ во неговиот двор. Според пријавеното, додека работел на тракторот, тракторот се придвижил и го прегазил со задното тркало, при што се здобил со повреди, констатирани во Општа болница во Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.