Повеќе од 160.000 ученици, студенти и синдикалци учествувале во новиот бран протести во Франција, кои веќе трета недела се насочени против недостигот на наставници, преполните училници и лошите услови во образованието.
Поголемиот дел од демонстрациите минале мирно, но во Париз и некои други градови имало судири со полицијата и употреба на солзавец. Протестниот бран станува сè поважна политичка тема пред претседателските избори во Франција.


